








Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ се наоѓа на околу 3 км северо-источно од градот Крива Паланка, во рацете на дабовата шума на планините Осогово. Основан е во 12 век, познат и како Сарандапор, и е посветен на пустиникот Свети Јоаким Осоговски, кој живеел на овие простори на крајот на 11 и почетокот на 12 век. Денес манастирот е отворен за верници, посетители, патници и добронамерници кои доаѓаат да се помолат пред чудесниот моштите на Свети Јоаким кои се чуваат во манастирот. Постојат две цркви, неколку конаци кои нудат сместување за гости и ресторан со широк спектар на автентични јадења, додека природата околу манастирот нуди уникатни услови за одење и рекреација.
Програма
1. ден. ( недела) 25.10.2020
Состанок на групата на Дрво декор во 06:00 часот. Заминување кон Крива Паланка во 6:30 часот.
Пристигнување во манастирот во утринските часови.
Поклонение на моштите на Св.Јоаким Осоговски, посета на црквата Св. Богодорица, прошетка по убавата природа.
Самиот комплекс располага со убав ресторан кој нуди вкусно мени на храна.
Заминување кон Скопје во 16 часот. Попатна пауза за кафе пауза во локалните ресторани.
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.