Велигден Манaстир Острог и прекрасните приморски градови на Јадранот

3 Days
🐰🥚ВЕЛИГДЕНСКО ПАТУВАЊЕ🐰🥚
🥚⛪🙏Манaстир Свети Василије Острошки🙏⛪🥚
                                        и
🐰🥚Прекрасните приморски градови на Јадранот🐰🥚
🏨Две ноќевања во модерни апартмани во С.море
🐰02.05 – 05.05.2024🐰
⬇️Посета на 6 дестинации⬇️
🐰Манастир Острог⛪
🐰Суто море
🐰Бар
🐰Будва
🐰Тиват
🐰Портомонтенегро
🔥Промо цена: 89€

Itinerary

Состанок на групата. Поаѓање за Црна Гора во 22.00 часот од Куманово од Макпетрол бензинска и 23.00 часот од Дрводекор Скопје. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во раните утрински часови во Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. Од манастирот Острог тргнуваме за Суто море, каде што се сместуваме во модерни апартмани во Суто море. Слободно време за прошетка и разглед на Суто море. Ноќевање
Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Будва, Портомонтенегро и Тиват. Во договорено време тргнуваме кон Будва, прошетка низ прекрасниот град Будва познат по својот шармантен стар град полн со калдрми улици, град со богата традиција и историја. Овој стар град содржи се што може да замисли љубителот на историјата: стари куќи, тесни улички, мали плоштади и дворови, и она што неможе да се избегне во таквите места: продавници за сувенири, кафулиња, ресторани и занаетчиски дуќани. Во договорено време од Будва се упатуваме во посета на Порто Монтенегро, една од најлуксузните марини на Јадранското море, слободно време за прошетка и разглед на Порто Монтенегро. Од луксузниот Порто Монтенегро се упатуваме кон Тиват прошетка и разглед на прекрасниот Тиват. Во точно договорено време се собираме и се враќаме во апартманите во Суто море. Ноќевање
Во договореното време ги напуштаме апартманите во Суто море. Поаѓање за Бар, слободно време за прошетка и разглед на градот и посета на најпознатото пристаниште во Бар. Во 15:00h поаѓање за Скопје, пристигнување околу полноќ.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 89 ЕВРА

Понудата вклучува

  • Две ноќевања – во модерни апартмани во Суто море
  • Автобуски превоз
  • Посета на манастирот Острог
  • Посета и прошетка во Суто море
  • Организиран превоз до Бар, прошетка во Бар
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

Понудата не вклучува

  • Минибусеви до манастирот Острог - 3 евра по лице (во два правци)
  • Туристичка такса во манастир Острог - 1 евро
  • Туристичка такса за две ноќевања во Суто море – 3 евра по лице (се плаќа во агенција)
  • Факултативи, посета на Будва, Porto Montenegro, Тиват – 15 евра по лице
  • Патничко осигурување (не е задолжително)

You can send your enquiry via the form below.

Велигден Манaстир Острог и прекрасните приморски градови на Јадранот
From € 89
/ Adult