Термини:
30.04.2023 и 14.05.2023
Цена: 1600 денари
Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,65 милиони луѓе. Белград е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа по Истанбул,Атина и Букурешт.
Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години.
За Белград велат дека е град на разновидноста, а духот на оваа метропола може да го почувствувате преку неговиот богат, културен живот, преку старо- новата архитектура низ улиците , но и преку вкусната храна и гостопримливи домаќини. Често пати Белград е нарекуван град на поздравите. Тука под Калемегдан Дунав ја поздравува Сава, а низ Кнез Михајлова може да ве поздрават фините домаќини.
Денот може да го поминете со прошетка низ Кнез Михајлова, воодушевувачкиот Калемегдан, да вкусите српска храна во боемските ресторани во познатата Скадарлија, или пак да се подновите со некое парче гардероба или пак да си одберете нешто за вашиот дом од широката понуда од Икеа. Во Белград има места за сечиј вкус.
Цена: 1600 денари
Цена: 1600 денари
ИНФОРМАЦИИ:
*За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
*Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
*Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
*Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
*Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
*Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
*Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
*Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
*Се патува со лична карта или пасош
*За влез во Србија не е потребен сертификат за вакцина ниту антигенски или ПЦР тест