ИСТАНБУЛ 11ти Октомври – 3 ноќи

Најголемата метропола во светот, велеград, финансиски и културен центар… сето ова е малку за да се опише еден од најубавите градови во светот – величествениот Истанбул, градот на два континенти кој ги спојува Европа и Азија со неговите три моста кои се наоѓаат над единствениот Босфор.

ИСТАНБУЛ 11ти Октомври

Поаѓање во 15:30 часот од Скопје Дрводекор. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање.
Пристигнување на групта во Истанбул, Групата се упатува кон хотелот. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 час.По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа, Света (Аја) Софија, Плоштадот Султанахмет и Топ Капи каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите, секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи.
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Посета на жичарата Pierre Lotti. Ридот Пјер Лоти, именуван по познатиот француски писател, е живописно место во Истанбул кое нуди неверојатен поглед над Златниот рог. Овој рид е совршено бегство за оние кои сакаат да избегаат од метежот и вревата на градот и да уживаат во мирната атмосфера. Замислете да седите во едно од шармантните кафулиња, да уживате во традиционалниот турски чај и да гледате над историскиот град - задолжителен за секој посетител на Истанбул и сон на вљубеник во Инстаграм. Oд жичарата се упатуваме на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. (препорака) Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Фенер Балат Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце Македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат Турските серии и да се напиете Турско кафе, варено на песок. Крстарење по Босфор Ви нудиме 90 минути крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин Кадикој (Азиски дел) Потоа следи посета на Азија, што би вредело доаѓањето во Истанбул доколку не појдете да го видите и другиот континент каде што се простира овој град. Се посетува населбата Кадикој која е центарот на Азија, тоа што е Таксим во Европа, Кадикој е во Азија. Продавнички, ресторани, кафулиња... сокачиња во кои би се заљубиле во првиот момент откако ќе пристигнете таму. Слободно време за вечера и уживање во најмонденското место во азиски Истанбул. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.
Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон шопинг центарот Форум Истанбул. Слободно време за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 14.10.2024 (понеделник).

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 ЕВРА

Понудата вклучува

  • - 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Аксарај
  • - Автобуски превоз
  • - Пешачка тура низ стариот дел на Истанбул - населбата Аксарај
  • - Посета на трговскиот центар Форум
  • - туристички пратител за време на патувањето

Понудата не вклучува

  • - Патничко осигурување
  • - трансфер Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) – 10 евра по лице
  • - Индивидуални трошоци
  • - Факултативни излети:
  • - Топ Капи палатата – 50 евра
  • - Жичара Pierre Lotti – 15 евра
  • - Населбата Ортакој и Таксим - 20 евра
  • - Населбата Балат – 10 евра
  • - Крстарење на Босфор - 20 евра
  • - Посета на Азија – 20 евра

You can send your enquiry via the form below.

ИСТАНБУЛ 11ти Октомври – 3 ноќи
From € 129
/ Adult