Најголемата метропола во светот, велеград, финансиски и културен центар… сето ова е малку за да се опише еден од најубавите градови во светот – величествениот Истанбул, градот на два континенти кој ги спојува Европа и Азија со неговите три моста кои се наоѓаат над единствениот Босфор.
Itinerary
Поаѓање во 16:00 часот од Скопје Дрводекор. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање.
Пристигнување на групта во Истанбул, Групата се упатува кон хотелот. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 час.По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа, Света (Аја) Софија, Плоштадот Султанахмет и Топ Капи каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите, секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. (препорака) Слободно време за сликање и прошетка. Потоа во договорено време се упатуваме на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани. Слободно време за прошетка и уживање. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Фенер Балат Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце Македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат Турските серии и да се напиете Турско кафе, варено на песок. Крстарење по Босфор Ви нудиме 90 минути крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин Кадикој (Азиски дел) Потоа следи посета на Азија, што би вредело доаѓањето во Истанбул доколку не појдете да го видите и другиот континент каде што се простира овој град. Се посетува населбата Кадикој која е центарот на Азија, тоа што е Таксим во Европа, Кадикој е во Азија. Продавнички, ресторани, кафулиња... сокачиња во кои би се заљубиле во првиот момент откако ќе пристигнете таму. Слободно време за вечера и уживање во најмонденското место во азиски Истанбул. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.
Појадок. Слободно време за индивидуални активности.
Во попладневните часови планирана е посета на познатата жичара Pierre Lotti.
По посетата на жичарата се упатуваме кон облакодерот Сафир кој воедно и е една од највисоките згради во Истанбул. Се искачуваме со лифт до 56тиот кат каде можеме да го видиме и азиски и европски Истанбул се до третиот мост. Можност за 4Д проекција на која буквално прелетуваме низ сите знаменитости во градот.
Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање
Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон шопинг центарот Форум Истанбул. Слободно време (отприлика 3часа) за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 28.10.2024 (Понеделник).