Ртањ претставува феномен кој од година во година привлекува се поголем број туристи, авантуристи, планинари, но и научници. Секој кој барем еднаш ја посетил оваа планина, тврди дека воздухот тука поинаку мириса и дека природата има несекојдневна убавина. Многумина говорат и за позитивната енергија која ја почувствувале престојувајќи тука. Ртањ е познат и по ендемските билки кои растат на неговите падини и кои се заштитени со закон. Најпознат е Ртањскиот чај (Saturea montana) кој има многубројни лековити својства. На ртањскиот врв – Шиљак (1.565 m), како симболот на планината, се наоѓаат остатоците од некогашната црква Св. Ѓорѓи. Оваа црква е изградена во 1935-та година, од страна на Грета, сопруга на сопственикот на рудникот „Ртањ“ Јулиус Минх, во знак на неговото сеќавање и со помош на 1000 работници. Денешниот изглед го должи на трагачи по златото кои ја рушеле во повеќе наврати. Природната пирамида во Источна Србија, за која се верува дека е шуплива внатре, сите влезови во неа се затворени, бидејќи, како што велат, кој поминувал низ неа веќе не бил истата личност. Пирамидите треба да ја имаат целата своја енергија на врвот, но Ртањ ги испраќа своите најсилни бранови на дното, што е само една од особеностите на Ртањ. Иако истражувањето на академик Јован Давидовиќ и научникот Саша Нафефеј започнало кон крајот на 20 век, оваа планина им била позната на луѓето со милениуми по своите необични способности. Значењето на Ртањ за Словените низ вековите најдобро се објаснува со фактот дека Ртањ бил важен како Олимп за Грците уште од античко време.
Се верува дека Ртањ ја апсорбира енергијата со својот врв „колку што достигнува нејзината сенка“, кои се електрични, магнетни и органски. Подоцна, таа енергија од планината зрачи и се „апсорбира“ од оние на кои им е потребна. Ефектот на овие енергии може да се почувствува во Светилиштето, исто така познато како „Врело“.
⭐РТАЊ-ЅВЕЗДЕНА КАПИЈА⭐
Термин 01.05 – 03.05.2025
Цена по лице: 6100 денари