ОСТРОГ И БУДВА !

3 Days

Викенд патувања

Термини:

  • Секој викенд 

Сместен на 900 метри надморска височина Острошкиот Манастир се наоѓа помеѓу Никшиќ и Подгорица, во Црна Гора, а само во текот на летните месеци: во јули, август и септември го посетуваат помеѓу 250 000 и 3000 000 верници и посетители, што го прави најголемо православно светилиште, не само на подрачјето на Балканот  туки и во целата Европа.

Во исто време, само на денот на свети Василија, кој се слави на 12 мај во манастирот во зависнот од временските прилики, и денот, односно дали е во текот на работна недела или станува збор за викенд се собираат помеѓу 10000 и 20000 луѓе.

Свети Василије Острошки  е роден во селото Мркоњиќ, во Попово Поле – Херцеговина во 1610 година, од каде заминал во Требињскиот манастри Успение на Пресвета Богородица  и  таму се замонашил.  Свети Василије се упокоил 1671 година во манастирот Острог, а веднаш откако бил прогласен за светец, народот почнал да доаѓа на неговиот гроб  за да се моли.

Острошкиот манастир  како издлабен во карпа  ги чува моштите на Свети Василије Острошки чудотворец, а самиот манастирски комплекс го сочинуваат два манастири изградени во различни историски епохи.

Горниот манастир е постар и го сочинуваат црквата посветена на Ваведение на Пресвета Богородоциа  во  кој почива целебното тело на светителот  и црквата Воздвижение на Чесниот Крс. Го изградил самиот Свети Василије во 1665 година, а со фрески го украсил прочуениот мајстор Радул во 1667 година.

Долниот манастира го изградил острошкиот архимандрит  Јосиф во 1820 година по благословот на митрополитот Свети Петар Цетињски. Централниот дел на манстирскиот круг го краси соборниот храм посветен на Света Тројца.

Над  Долниот манастир во 2004 година е изградена црква посветена на Светиот маченик Станко во која се наоѓаат неговите мошти. Во неа секојдневно се обавуваат крштевки.

ЦЕНА: 1700 ДЕНАРИ

Термини:

  • Секој викенд
  • – За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта

– Се патува преку Косово и Албанија

You can send your enquiry via the form below.

ОСТРОГ И БУДВА !
From € 27
/ Adult