ОСТРОГ И БУДВА

Издлабен во карпа, издигнат над рајска шума, на надморска височина од 900 метри е домот на големиот чудотворец, Василиј Острошки, манастир кој секојдневно е прибежиште на илјадници верници кои трагаат по мир, здравје и чуда. Верници од сите краишта, од сите вери, од деца до стари, го посетуваат овој манастир, посветен на еден од најголемите светци во православната вера. Манастирот Свети Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица.  Ова свето место во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет. Што уште повеќе говори дека чудата на овој светец се вистински.

 

Термини во месец Јуни:

 

Цена на аранжманот:

 

04.06 – 06.06.21

 

1600 денари

 

11.06 – 13.06.21

 

1600 денари

 

18.06 – 20.06.21

 

1600 денари

 

25.06 – 27.06.21

 

1600 денари

Програма

1

Ден 1 – Петок
    Состанок на групата на Дрводекор во 20:30 часот, поаѓање во 21часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Острог со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2

Ден 2 – Сабота
    Посета на Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. Ноќевања во манастирот.

3

Ден 3 – Недела
    По светата неделна утринска литургија се упатуваме кон Будва. Слободно време за индивидуални активности и во договорено време поаѓање за Скопје. Попатна кафе пауза и панорамски разглед на едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море – Свети Стефан. Пристигнување во Скопје околу полноќ.

Во цената на аранжманот е вклучено:

*1 ноќевање во манастирот

*Превоз со високотуристички автобус

*Посета на Будва

*Лиценциран пратител во текот на целото патување

*Организација и реализацијa на аранжманот

Во цената не е вклучено:

*Туристичка такса 1 евро за посета на Манастирот Острог

*Комбињата за превоз до манастирот се плаќаат дополнително на лице место

You can send your enquiry via the form below.

ОСТРОГ И БУДВА