Ако сте љубители на Јадранот, тогаш Црна Гора и Дубровник се најдобриот избор за вас!
Прекрасна обала, убаво море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Црна Гора и нејзината ривиера важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Црна Гора прекрасна.
Itinerary
Day 1 :
ПРВ ДЕН (05.06.2025) Четврток
Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Day 2 :
ВТОР ДЕН (06.06.2025) Петок
Пристигнување во Сутоморе во утринските часови. Сместување во собите во хотел во Сутоморе. Слободно време за одмор и уживање покрај обалата на Јадранскотоморе во Сутоморе. Во договорено време се упатуваме на факултативна посета и прошетка во Будва. Од Будва се упатуваме кон Порто Монтенегро - уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее. Потоа групата се упатува кон Тиват каде што ќе има слободно времеза ручек. Во договорено време се враќаме во хотелот во Сутоморе. Ноќевање
Day 3 :
ТРЕТ ДЕН (07.06.2025) Сабота
Поајдок во хотел. Во договореното време се уптауваме на факултативна посета на Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за уживање во далматинскиот бисер.
Враќање во Сутоморе. Слободно индивидуално време. Ноќевање.
Day 4 :
ЧЕТВРТИ ДЕН (08.06.2025) Недела
Појадок во хотел. Одјавување од собите. Прошетка во Бар. Слободно време за разглед на градот.
Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.