8ми Март ИСТАНБУЛ (3 ноќи)

🌹8ми Март ИСТАНБУЛ🌹
🇹🇷Прославете поинаков 8ми Март оваа година, прославете го во Истанбул со крстарење по Босфор под ноќното небо на Истанбул, восхитувајќи се на ноќните светла на градот, мостот на Босфор и кулата на Мејден и уживање во автентична турска вечера и волшебни традиционални изведби, вклучувајки стомачен танц и регионални танци. Создадете трајни спомени во оваа незаборавна ноќ.🇹🇷
Три ноќевања во Хотел Гранд Дурмас 4* со појадок во Аксарај
🔥Промо цена за рана уплата во месец Јануари🔥
3 ноќи / 4 дена = 119 евра

Itinerary

Поаѓање во 16:00 часот од Скопје Дрводекор. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање.
Пристигнување на групта во Истанбул, Групата се упатува кон хотелот. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 час.По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа, Света (Аја) Софија и Плоштадот Султанахмет каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите, секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Облакодерот „Сафир“ е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата, а каде има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон европската и азиска стана на градот, и да уживате во храна или кафе со незаменлив поглед.Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијаод 15 минути низ најзначајните знаменитости во Истанбул. Самата кула е висока 261 метар и има 54 спрата, каде што има голем трговкси центар. Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Од една страна погледот Ве води кон големата Меџидие џамија, позната како Ортакој џамија. Ортакој е срцето на Истанбул и како таков е далеку од здодевен. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски компир, којшто го полните по ваш избор, од кисели краставички, пленка, маслинки до разни сосови, и да ги направат најубавите фотографии. Како што денот заминува, во вечерните часови така енергијата на Ортакој се зголемува и почнува да се шири музика од околните кафулиња и барови. Не пропуштајте да пробате од школките кои се продаваат покрај брегот.
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Фенер Балат Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце Македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат Турските серии и да се напиете Турско кафе, варено на песок. Галата Порт Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво. Овде ќе имате можност да видите некои од најголемите светски крузери, да уживате во добра храна, кафе или шопинг, на кој Ве повикуваат излозите со светски стил. Нема да останете рамнодушни, верувајте ни! Навчер турска вечер на брод. Осмомартовска прослава - крстарење по Босфор под ноќното небо на Истанбул, восхитувајќи се на ноќните светла на градот, мостот на Босфор и кулата на Мејден и уживање во автентична турска вечера и волшебни традиционални изведби, вклучувајки стомачен танц и регионални танци. Создадете трајни спомени во оваа незаборавна ноќ. Вечера мени -Мезе 5 врсти -Сезонски салати -Главно јадење по избор: Пилешко или ќофте или риба (голем избор на морски риби) -Десерт по избор -Неограничени безалхохолни пијалоци -Алхохолни пијалоци се доплаќаат
Крстарење по Босфор Ви нудиме 90 минути крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин Бејлербеи (Азиски дел) Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турската култура од непосредна близина прку многубројните соби и хали кадешто поминувале време Турските Султани. Доколку сте љубител на мачки, ова е вистинска можност да пиете кафе покрај Босфорскиот мост, со поглед којшто е незаменлив со мачки насекаде околу Вас. Ускудар (Азиски дел) На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас. Имате можност да седнете во рестораните покрај Босфор и да уживате во прекрасниот поглед. Кадикој (Азиски дел) Таксим Плоштадот
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата lokumi i baklavi, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од продавницата се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 ЕВРА

Понудата вклучува

  • ✅ Три ноќевања во Хотел Grand Durmaz 4* Аксарај
  • ✅ Појадок во хотел (шведска маса)
  • ✅ Капали чаршија
  • ✅ Outlet 212
  • ✅ Најпознатата продавница за баклави и локуми
  • ✅Лиценциран пратител во текот на патувањето
  • ✅Лиценциран водич од Истанбул
  • ✅ Автобуски превоз Скопје-Истанбул-Скопје
  • ✅Патување со модерни, удобни, високотуристички автобуси

Понудата не вклучува

  • 👇ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
  • Аја Софија
  • Сината џамија
  • Плоштад Султанахмет
  • Облакодер Сафир
  • Ортаќој
  • Фенер Балат
  • Галата Порт
  • Бејлербеи (азиски дел)
  • Кадикој (азиски дел)
  • Ускудар (азиски дел)
  • Taксим
  • Дневно крстарење по Босфор 90 минути
  • ✅ПАКЕТ ЦЕНА – 75 евра
  • Осмомартовска турска прослава со крстарење по Босфор 4 часа, осмомартовска вечера со неограничени безалхохолни пијалоци и големи турски и балкански хитови и танчерка.
  • ✅ЦЕНА - 40 евра
  • Туристичка такса - 3 евра (за три ноќи)
  • Патничко осигурување

You can send your enquiry via the form below.

8ми Март ИСТАНБУЛ (3 ноќи)
From € 119
/ Adult