VILA MONTERIO – BUDVA

Вила Монте Рио е сместена во централниот дел на Будва, на 500 метри од познатата Словенска плажа. Вилата е опкружена со зеленило. Се наоѓа во мирниот дел од градот, далеку од летната бучава и гужва, но сепак блиску до морето, кафе-баровите и продавниците. Објектот е со сопствен ресторан, пријатно опремени соби и гостопримлив персонал. Вилата располага со 120 лежаи распоредени во двокреветни, трокреветни и четирикреветни соби. Собите поседуваат сопствена голема тераса со гарнитура за седење, сопствено купатило со туш кабина, WiFi, TV, фрижидер, клима уред. Собите имаат поглед на планина, а некои соби имаат и поглед на море. Покрај услугата за сместување, вилата овозможува услуга за храна и пијалоци во ресторанот кој се наоѓа во склоп на објектот (капацитет околку 90 места).

ЦЕНОВНИК ВИЛА МОНТЕ РИО – БУДВА ЛЕТО 2021
Услуга Октомври – Април Мај 01.06-14.07 / септември 15.07-31.08
Ноќевање со појадок 17 19 23 26
Полупансион 22 24 28 31

ВИЛА МОНТЕ РИО – БУДВА ЛЕТО 2021

Напомени:

– Цените се дадени по лице по ден
– Туристичката такса е вклучена во цената
– Доплата за еднокреветна соба – 50% (во период од 15.07-31.08 доплатата е 80%)
– Паркинг – 5 евра/ден (се наплаќа во период јули-август)
– Check in: од 13:00 h
– Check out: 09:00 h

Попусти за деца (во трокреветни соби):
– Деца до 4 години – гратис
– Деца од 4-12 години плаќаат 50% од износот

ОПШТИ УСЛОВИ:
– За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
– Цените се дадени за наем на соба во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 62 мкд.)
– Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка  и онлајн уплата на нашата веб страна
– Задолжително патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата
– Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
– За хигиената на собите се грижат гостите
– Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патникот
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
– Се патува преку граничниот премин Блаце
– Не е потребен PCR тест за влез во Црна Гора
– Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
– За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. ГАНИЌ ЕКСКЛУЗИВ.

You can send your enquiry via the form below.

VILA MONTERIO – BUDVA