МАНАСТИР ТУМАНЕ

Манастир Тумане е православен манастир на браничевската Епархија на Српската православна црква. Се наоѓа во Голубачката долина на само 12 километри одалечен од Голубац. За името на манастирот постојат неколку легенди за Милош Обилиќ, прославениот косовски јунак. Милош е роден во околното село Кобиље, а имал и свој дворец во околното село Двориште. Еден ден ловејќи во блиската шума го ранил монахот Зоксим Синајит кој престојувал во блиската пештера. Кога го однесле на лечење, монахот изговорил ту мани односно нема лек, оставиме тука да умрам. Како знак на покајание изградил манастир во кој биле положени моштите на Зоксим. Точното време за изградба не се знае но прв пат се појавува во пописите од 1572/3 година.

Со голема духовна радост Ве покануваме на едно од најзначајните случувања оваа година – Пресоблекување на моштите на Свети Јаков Тумански! 🙏
📅 Недела, 26 октомври 2025
📍 Манастир Тумане – место на чудеса, исцеленија и молитви
➡️ Поаѓање: 25 октомври
🕘 21:00 – Скопје
🕙 21:30 – Куманово
💰 Цена: 1700 денари по лице

Манастир Тумане

Поаѓање од Скопје - Дрво Декор во 21:00 часот, Поаѓање од Куманово - Макпетрол во 21:30 и заминување кон Србија. Попатни паузи за одмор и царински формалности.
Во утринските часови пристигнување во манастирот Тумане. Пешачење до испосницата на Светиот Зосима, која се наоѓа на околу 1 км од манастирот, во старата и густа шума. Во карпата има две пештери, поврзани со тесен премин. Во едната живеел, а во другата се молел преподобниот светител. Денес во молитвената ќелија на преподобниот направена е капела. Покрај пештерата има чудотворен извор, а зад него прекрасен шумски водопад. Потоа се враќаме во манастирот, на поклонение на светите мошти, каде ќе присуствуваме и на Светата Литургија. По Литургијата, разглед на манастирот и присуство на исцелителните групни молитви од страна на монаштвото. 🕣 08:30 – Света архијерејска литургија 🕙 10:00 – Пресоблекување на моштите и свечена литија 🕥 10:30 – Молитви за здравје Во попладневните часови тргнување кон Скопје со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА: 1700 денари

Понудата вклучува

  • Автобуски превоз
  • Посета на манастир Тумане
  • Организација на патувањето
  • Професионален туристички водич

Понудата не вклучува

  • Индивидуални трошоци