Нова Година во Истанбул 2026-та (3 ноќи)

Најголемата метропола во светот, велеград, финансиски и културен центар… сето ова е малку за да се опише еден од најубавите градови во светот – величествениот Истанбул, градот на два континенти кој ги спојува Европа и Азија со неговите три моста кои се наоѓаат над единствениот Босфор.

На ваше барање – ја подготвуваме најбараната понуда за дочек на Нова година во Истанбул!
✨ Дочек во градот на два континента – Европа и Азија! ✨

🎉 Започни ја 2026-та со стил во волшебниот Истанбул!
🚶‍♀️ Прошетка низ Капали Чаршија, Аја Софија, Топкапи, Сината Џамија…
🚢 Вечерна круз тура по Босфор со светла, музика и незаборавна атмосфера!

🗓 3 ноќи / 4 дена
💸 РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА: само 159 €!

Интересот е голем, а местата на нашите журки се строго ограничени!

Не размислувајте дали да се препуштите во магијата! Јавете се и резервирајте:

071/775-529 (Центар)

070/376-851 (Аеродром)

Нова Година во Истанбул 2026-та

Поаѓање во 16:00 часот од Скопје Дрводекор. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање.
Пристигнување на групта во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Chech in во хотелот е после 14:00 час. По самото пристигнување (околу 10ч.)патниците се упатуваат на пешачка тура до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината. Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Во договорено време, се враќаме во хотел. Слободно време за одмор и подготвување за Новогодишната прослава.
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Жичарата Pierre Lotti. Ридот Пјер Лоти, именуван по познатиот француски писател, е живописно место во Истанбул кое нуди неверојатен поглед над Златниот рог. Овој рид е совршено бегство за оние кои сакаат да избегаат од метежот и вревата на градот и да уживаат во мирната атмосфера. Замислете да седите во едно од шармантните кафулиња, да уживате во традиционалниот турски чај и да гледате над историскиот град - задолжителен за секој посетител на Истанбул и сон на вљубеник во Инстаграм. Балат. Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок. Таксим плоштад. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус. Враќање во хотел. Ноќевање.
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Крстарење по Босфор. Ви нудиме еден час крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот локален водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ќе се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул. Ортаќој. Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Од една страна погледот Ве води кон големата Меџидие џамија, позната како Ортакој џамија. Ортакој е срцето на Истанбул и како таков е далеку од здодевен. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски компир, којшто го полните по ваш избор, од кисели краставички, пленка, маслинки до разни сосови, и да ги направат најубавите фотографии. Како што денот заминува, во вечерните часови така енергијата на Ортакој се зголемува и почнува да се шири музика од околните кафулиња и барови. Не пропуштајте да пробате од школките кои се продаваат покрај брегот. Азија. Потоа следи посета на Азија, што би вредело доаѓањето во Истанбул доколку не појдете да го видите и другиот континент каде што се простира овој град. Фото пауза за девојачката кула која се наоѓа во населбата Ускудар. Потоа се посетува населбата Кадикој која е центарот на Азија, тоа што е Таксим во Европа, Кадикој е во Азија. Продавнички, ресторани, кафулиња и сокачиња во кои би се заљубиле во првиот момент откако ќе пристигнете таму. Слободно време за вечера и уживање во најмонденското место во азиски Истанбул. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.
Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон шопинг центарот Форум Истанбул. Слободно време за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 ЕВРА

Понудата вклучува

  • - 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Аксарај
  • - Автобуски превоз
  • - Посета на Капали Чаршија
  • - Посета на Аја Софија и Топ Капи
  • - Посета на трговскиот центар Форум
  • - туристички пратител за време на патувањето
  • - Бесплатен трансфер Велес, Неготино, Гевгелија

Понудата не вклучува

  • - Патничко осигурување
  • - трансфер Куманово, Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) – 10 евра по лице
  • - Туристичка такса - 6 евра (цена по лице за 3 ноќевања)
  • - Факултативни излети:
  • - Жичара Pierre Lotti, Фенер Балат и Таксим - 30 евра (Задолжителна факултатива)
  • - Отаќој – 10 евра
  • - Крстарење на Босфор - 20 евра
  • - Посета на Азија – 20 евра
  • - Дочек на Нова Година на брод на Босфор - (цена наскоро)