НОВА 2025 ГОДИНА
Да ја дочекаме новата година заедно на море, топла клима, весела и дружељубива атмосфера и да уживаме во големите хитови на познатите балкански ѕвезди. Прекрасна обала, убавото море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Црна гора и јадранската обала важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Црна гора прекрасна.























Itinerary
Day 1 :
ПРВ ДЕН (29.12.2024) Недела
Состанок на групата на Дрводекор во 22:40 часот, поаѓање во 23:00 часот од Дрводекор. Поаѓање од Куманово во 22:00 од бензинска Макпетрол. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Day 2 :
ВТОР ДЕН (30.12.2024) Понеделник
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, сместување во хотел или апартман во Сутоморе. Хотелот во Сутоморе се наоѓа на самата обала на Јадранското море во центарот во градот. Слободно попладне за одмор и релаксација во Сутоморе.
Во 16:00 часот се упатуваме на факултативна посета и прошетка во Котор. Слободно време за разглед на стариот град Котор кој е еден од најпопуларните туристички градови во Црна Гора, град со зачувана историја, култура и традиција каде што посетителите имаат можност да се восхитуваат на средновековната архитектура, цркви, катедрали, палати и музеи. Од Котор се упатуваме кон Порто Монтенегро и Тиват. Патниците ќе имаат можност да уживаат во атрактивниот и лукзусниот Порто Монтенегро кој го нарекуваат уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус. Од Порто Монтенегро се упатуваме кон Тиват на градскиот плоштад каде што ќе уживаме во организирана предновогодишна забава заедно со САША КОВАЧЕВИЌ. Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање.
Day 3 :
ТРЕТ ДЕН (31.12.2024) Вторник
Во договорено време се упатуваме кон Будва. Слободно време за прошетка и разглед на стариот град Будва - бисерот на Јадранот. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. Крајбрежната област околу Будва, наречена Будванска ривиера, е центар на црногорскиот туризам, познат по својот добро сочуван средновековен град со ѕидови, тесни улички, песочни плажи. голем број на кафичи и ресторани и разновиден ноќен живот.
Новогодишната - најлудата ноќ во годината ќе ја дочекаме токму во овој град - Будва, каде на градскиот плоштад ќе уживаме во богатата програма предвидена за дочек на Нова Година, заедно со ВЛАДО ЃОРЃИЕВ. Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање.
Day 4 :
ЧЕТВРТИ ДЕН (01.01.2025) Среда
Четвртиот ден е предвиден за факултативна посета на Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за уживање во далматинскиот бисер.
Враќање во Сутоморе и во договорено време се упатуваме кон Бар на градскиот плоштад каде што ќе уживаме во организирана втора новогодишна вечер заедно со АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ. Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање.
Day 5 :
ПЕТТИ ДЕН (02.01.2025) Четврток
Одјавување од собите и се упатуваме кон Бар.
Слободно време прошетка и разглед на градот Бар.
Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во ноќните часови.