



Херцег Нови – Будва – Тиват – Портомонтенегро – Сутоморе – Бар
– Сместување во луксузниот хотел DEL MEDIO 4* Сутоморе
– 2 ноќевања со појадок
– Концерт на Ханка Палдум и Ана Бекута на 14 Февруари
– Посета на Херцег Нови и фестивалот на мимозите







Itinerary
Day 1 :
ПРВ ДЕН (13.02.2025) Четврток
Состанок на групата на Дрводекор во 22:40 часот, поаѓање во 23:00 часот од Дрводекор. Поаѓање од Куманово во 22:00 од бензинска Макпетрол. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Day 2 :
ВТОР ДЕН (14.02.2025) Петок
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, сместување во хотел ДЕЛ МЕДИО 4* и хотел ПОРТО СОЛЕ 4* во Сутоморе. Хотелот во Сутоморе се наоѓа на самата обала на Јадранското море во центарот во градот. Слободно попладне за одмор и релаксација во Сутоморе. Во договорено време се упатуваме на факултативна посета на Херцег Нови. Херцег Нови токму на 14ти Февруари го слави празникот на мимозите во кој мимозата е традиција, имиџ и стил на живот! Каде што ќе имате можност да уживајте во неповторливата атмосфера во градот Херцег Нови заедно со големите балкански ѕвези Ханка Палдум и Ана Бекута. По завршување на концертот се враќаме во хотелот во Сутоморе. Ноќевање.
Day 3 :
ТРЕТ ДЕН (15.02.2025) Сабота
Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативна посета на Будва. Слободно време за прошетка и разглед на стариот град Будва - бисерот на Јадранот. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. Крајбрежната област околу Будва, наречена Будванска ривиера, е центар на црногорскиот туризам, познат по својот добро сочуван средновековен град со ѕидови, тесни улички, песочни плажи. голем број на кафичи и ресторани и разновиден ноќен живот. Од Будва се упатуваме кон Порто Монтенегро и Тиват. Патниците ќе имаат можност да уживаат во атрактивниот и лукзусниот Порто Монтенегро кој го нарекуваат уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус. Од Порто Монтенегро се упатуваме кон Тиват - разглед на прекрасниот Тиват и слободно време за ручек во Тиват. Се враќаме во хотелот во Сутоморе. Ноќевање.
Day 4 :
ЧЕТВРТИ ДЕН (16.02.2025) Недела
Појадок. Одјавување од собите и се упатуваме кон Бар. Слободно време прошетка и разглед на градот Бар. Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во ноќните часови.