Да ја дочекаме2025
На брод на Босфор во Истанбул,
Истанбул е место каде празничната атмосфера се чувствува на секој чекор.
Прославата започнува на плоштадот Таксим и завршува на брегот на Босфорот, со поглед на прекрасната архитектура и звуците на музиката.
Градот што ги обединува континентите и културите, станува вистинска зимска магија во овој период од годината.
Новата година овде не е само празник, туку момент кога магијата на градот оживува на секој агол.
Од осветлени улици до прекрасни огномети кои го осветлуваат Босфор
Музика
Храна од познатата турска кујна
Неограничени пијалоци
Хотелско сместувањево зона Лалели Аксарај во близина на сите знаменитости и Капали чаршија
Појадок шведска маса
Туристички пратител во тек на патувањето
Автобуски превоз
Промо цена BLACK FRIDAY ПОНУДА 155 €
Бесплатен трансфер Куманово, Велес, Градско, Неготино, Гевгелија….
Информации и резервации:
071 77 55 29
02 311 7771
Itinerary
Day 1 :
ПРВ ДЕН (28.12.2024) Сабота
Поаѓање во 16:00 часот од Скопје Дрводекор. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање.
Day 2 :
ВТОР ДЕН (29.12.2024) Недела
Пристигнување на групта во Истанбул, Групата се упатува кон хотелот. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 час.По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа, Света (Аја) Софија, Плоштадот Султанахмет и Топ Капи каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите, секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Слободно време во попладневните часови за шопинг. Ноќевање
Day 3 :
ТРЕТ ДЕН (30.12.2024) Понеделник
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:
Крстарење по Босфор
Ви нудиме 90 минути крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот локален водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ќе се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул.
Се упатуваме кон Балат, Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок. Од Балат се упатуваме кон Таксим плоштад. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.
Враќање во хотел. Ноќевање
Day 4 :
ЧЕТВРТИ ДЕН (31.12.2024) Вторник
По појадокот се упатуваме кон Ораткој. Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Од една страна погледот Ве води кон големата Меџидие џамија, позната како Ортакој џамија. Ортакој е срцето на Истанбул и како таков е далеку од здодевен. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски компир, којшто го полните по ваш избор, од кисели краставички, пленка, маслинки до разни сосови, и да ги направат најубавите фотографии. Не пропуштајте да пробате од школките кои се продаваат покрај брегот.
Од Ортакој се упатуваме кон Посета на жичарата Pierre Lotti. Ридот Пјер Лоти, именуван по познатиот француски писател, е живописно место во Истанбул кое нуди неверојатен поглед над Златниот рог. Овој рид е совршено бегство за оние кои сакаат да избегаат од метежот и вревата на градот и да уживаат во мирната атмосфера. Замислете да седите во едно од шармантните кафулиња, да уживате во традиционалниот турски чај и да гледате над историскиот град - задолжителен за секој посетител на Истанбул и сон на вљубеник во Инстаграм.
Се враќаме во хотел. Слободно време за подготовка за најлудата ноќ во годината.
Во договорено време, со автобус се упатуваме на брод каде што ни претстои 4 часовно крстарење, и да ја дочекаме најлудата ноќ под мостот на Босфор. Прославата започнува на плоштадот Таксим и завршува на брегот на Босфорот, со поглед на прекрасната архитектура и звуците на музиката. Новата година овде не е само празник, туку момент кога магијата на градот оживува на секој агол. Од осветлени улици до прекрасни огномети кои го осветлуваат Босфор, Музика - турска и балканска, Храна од познатата турска кујна, Неограничени алхохолни и безалхохолни пијалоци.
После забавата се враќаме во хотел. Ноќевање
Day 5 :
ПЕТТИ ДЕН (01.01.2025) Среда
Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон шопинг центарот Форум Истанбул. Слободно време за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 02.01.2025 (Четврток).