ШОПИНГ ВО СОЛУН !

1 Day

Солун е секогаш добра идеја, зарем не?

 

Солун е градот кој важи за еден од најубавите во цела Грција, а доказ за тоа е големиот број на прошетки кои ги прават нашите Македонци. Еден од најозборуваните градови во далечната историја кој во 20-тите години од минатиот век е целосно обновен. Голем број на улици, паркови, трговски центри, стари автентични куќи, сето ова прави Солун да е рамо до рамо со најпознатите светски метрополи. Минатото и сегашноста се судираат во градските таверни, ресторани, луксузни барови и клубови.

 

ТЕРМИНИ: СЕКОЈА САБОТА!

ЦЕНА: 1000 денари по лице

ТЕРМИНИ: СЕКОЈА САБОТА !

  • НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.

  • – За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Ганиќ Ексклузив. 

Itinerary

Состанок на групата во 03:15h. Поаѓање во 03:30h, од Дрводекор (спроти Holiday Inn). Се патува преку граничен премин Богородица. Пристигнување во Солун во утринските часови околу 09:00h локално време. Слободно време за шопинг и прошетка низ центарот на Солун. Во 14:00h локално време поаѓање од центарот на Солун кон Икеа. Од 15:00h локално време, слободно време за шопинг во Икеа и во Космос. Во 18:00h локално време поаѓање за Македонија. Попатна пауза за посета на Free Shop – 30минути. Пристигнување во Скопје околу 22:30 часот.

Во цената е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадена релација
  • • - Посета на центарот на Солун
  • • - Посета на Cosmos и IKEA
  • • - Туристички придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување