НОВА 2027 ГОДИНА ВО ЦРНА ГОРА 3 НП

4 Days

НОВА 2027 ГОДИНА ВО БУДВА  СО ЛЕГЕНДАРНИОТ   ЖЕЉКО  ЈОКСИМОВИЌ🎉

Да ја дочекаме Новата Година заедно на море, топла клима, весела и дружељубива атмосфера и да уживаме во големите хитови на познатите Балкански ѕвезди. Прекрасно крајбрежје, убаво море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Црна Гора и Јадранското крајбрежје важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридести предели, монументална архитектура, убави сортни домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Црна Гора прекрасна.

📆 Термин: 30.12.2026 – 03.01.2027
🏨 3 ноќевања во  -СУТОМОРЕ
🚍 Автобуски превоз
🥰Лиценциран пратител во текот на патувањето
🚌Патување со модерни, удобни, високотуристички автобуси
 
🏨 Хотелско  сместување 3 ноќевања со појадок -ХОТЕЛ DEL MEDIO -СУТОМОРЕ
Редовна цена 135 евра 
ПРОМО ЦЕНА 129 евра
Можност за апартманско сместување во апартманите EXCLUSIVE   во БАР
  

🔥Промо цена   99 евра  по лице

 
🎇 31.12 -ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2027 во БУДВА со  ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ ,
ВО  БАР со СЕКА АЛЕКСИЌ
     31.12 -ФАКУЛТАТИВЕН  ДОЧЕК во  ТИВАТ со  ЦЕЦА РАЖЊАТОВИЌ
💥 Новогодишна еуфорија на плоштад – ритам, енергија и спектакл што се памети цел живот!
💥 Првиот ден од 2027 го започнуваме во БАР
🎇 01.01.2027  во  БАР  со  ДИНО МЕРЛИН– легенда која носи емоции, хитови и атмосфера за душа!
🎇 02.01.2027 во БАР   со  MAGLA BEND
 
 
 
 

Itinerary

Day 1 :
ПРВ ДЕН (30.12.2026) СРЕДА

Состанок на групата -Дрводекор во 22:40 часот, поаѓање во 23:00 часот од Дрводекор. Поаѓање од Куманово во 22:00 од бензинска Макпетрол. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Day 2 :
ВТОР ДЕН (31.12.2026) ЧЕТВРТОК

Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, сместување  во Хотел  DEL MEDIO во Сутоморе. Слободно време за прошетка покрај Јадранската обала во Сутоморе. . Сутоморе со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. . Новогодишната - најлудата ноќ во годината ќе ја дочекаме во :

БУДВА   со ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ,
Опционален дочек во  БАР со СЕКА АЛЕКСИЌ,

ФАКУЛТАТИВЕН  дочек во Тиват , каде на градскиот плоштад ќе пее  легендарната
ЦЕЦА РАЖЊАТОВИЌ,

Во договорено време враќање  во хотел . Ноќевање.

Day 3 :
ТРЕТ ДЕН (01.01.2027) ПЕТОК

Во договорено време се упатуваме на факултативна посета и прошетка во Котор. Слободно време за разглед на стариот град Котор кој е еден од најпопуларните туристички градови во Црна Гора, град со зачувана историја, култура и традиција каде што посетителите имаат можност да се восхитуваат на средновековната архитектура, цркви, катедрали, палати и музеи. Од Котор се упатуваме кон Порто Монтенегро и Тиват. Патниците ќе имаат можност да уживаат во атрактивниот и лукзусниот Порто Монтенегро кој го нарекуваат уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус. Од Порто Монтенегро се упатуваме кон Тиват – разглед на градот и слободно време за ручек. Во договорено време се враќаме во хотел во Сутоморе ,и се подготвуваме за втората новогодишна ноќ. Во вечерните часови поаѓаме кон БАР каде што ќе биде организирана втора новогодишна вечер со богата музичка програма на легендарниот ДИНО МЕРЛИН. Во договорено време враќање во хотел . Ноќевање.

Day 4 :
ЧЕТВРТИ ДЕН (02.01.2027) САБОТА

Четвртиот ден е предвиден за факултативна посета на Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за уживање во далматинскиот бисер. Во договорено време од Дубровник се упатуваме кон БАР каде што ќе уживаме во организирана трета новогодишна вечер со богата музичка програма на МАГЛА  БЕНД. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

Day 5 :
ПЕТТИ ДЕН (03.01.2027) НЕДЕЛА

Одјавување од собите .
Слободно време прошетка и разглед на градот Бар.
Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во ноќните часови.

You can send your enquiry via the form below.

НОВА 2027 ГОДИНА ВО ЦРНА ГОРА 3 НП