Ден на вљубените и фестивал на мимозите на ЈАДРАНСКОТО МОРЕ

🌺♥️ ЈАДРАН за ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ ♥️ 🌺
 -Херцег Нови- Тиват – Портомонтенегро -Будва
– Апартманско сместуванје во  Будва
– 2 ноќевања
– Посета на  фестивалот на мимозите
🚍Автобуски превоз
✔ ПРОМО цена – 99 € по лице
⭐️ Бесплатен трансфер од Куманово
🎯 Херцег Нови повторно го слави празникот на мимозите… уживајте во неповторливата атмосфера во градот во кој мимозата е традиција, имиџ и стил на живот!
🥰Туристички водич за време на патувањето
❣ Информации и резервации:
📱 071 77 55 29

Itinerary

Ден 1 – 12.02.2026 (четврток) Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ден 2 – 13.02.2026 (петок) БУДВА Пристигнување во Будва. Попладнрвни часови сместување во вила во центарот на Будва. Слободно попладне. Во договорено време, организирана прошетка низ Будва.Ноќевање.
Ден 3 – 14.02.2026 (сабота) ТИВАТ-ПОРТОМОНТЕНЕГРО-ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ Во договорено време поаѓање кон Тиват и посета на ексклузивната марина Порто Монтенегро, една од најлуксузните марини на Јадранот. Слободно време за прошетка покрај јахтите, кафе во модерните локали или индивидуални активности. По посетата продолжуваме кон Херцег Нови, поточно кон Баошиќи, каде што се одржува главната свеченост со која официјално се отвора Фестивалот на мимозите. По целата херцегновска ривиера, од Баошиќи, преку Џеновиќи, па се до Кумбор, посетителите имаат можност да уживаат во празничната атмосфера, при што домаќините на манифестацијата традиционално ги почестуваат гостите со бесплатна пржена риба и вино. Улиците се исполнети со дефиле на мажоретки и настапи на Градскиот оркестар, кои на посетителите им подаруваат гранчиња мимоза – препознатливиот симбол на фестивалот и цвет кој расцветува токму во февруари, најавувајќи ја пролетта. Веселата поворка и живописните настани совршено се надополнуваат со жолтата декорација на градот и пријатниот мирис на мимозите. Херцегновската ривиера е украсена со околу 35.000 засадени стебла мимози, што ѝ дава уникатен изглед и посебна фестивалска магија. Забавната програма на отворено започнува во 12:00 часот со музички настап на Данијел Алибабич, а продолжува долж шеталиштето и плажите покрај морето. Во 13:00 часот, на платото во Џеновиќи, публиката ќе има можност да ужива во концертот на нашата реномирана естрадна уметничка Калиопи. Фестивалот се одржува низ целиот Херцег Нови, но главните настани се сместени долж ривиерата, во Баошиќи и Џеновиќи. Баошиќи претставува срцето на фестивалот, со големото дефиле, улични настапи, бесплатна дегустација на риба и вино, и најжива атмосфера, додека Џеновиќи нуди музички концерти, прошетки по шеталиштето и дополнителни активности. Во договорено време, во попладневните часови, враќање во Будва. Слободно време за индивидуални активности и прошетка. Ноќевање.
Ден 4 – 15.02.2026 (недела) БАР И КОТОР Последниот ден е предвиден за факултативна посета Котор. Котор – еден од најзначајните историски градови на Јадранот. Прошетка низ стариот град, кој од 1979 година е под заштита на УНЕСКО. Посета на катедралата Свети Трифун (1166 г.), разгледување на средновековните ѕидини и уживање во автентичниот амбиент на тесните улички, плоштади и палати. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 ЕВРА- ПРОМО ЦЕНА -99 ЕВРА

Понудата вклучува

  • - 2 ноќевања апартманско сместување во центарот на Будва
  • - Превоз со високотуристички автобус
  • - Посета на Портмонтенегро,Тиват и Фестивал ма Момозите
  • - Туристички водич
  • - Организација на патувањето

Понудата не вклучува

  • Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • - Факултативна посета на Котор – 15 евра
  • - Задолжителна доплата за туристичка такса 5€ по лице за двете ноќевања
  • - Патничко осигурување
  • НАПОМЕНА:
  • - За single соба се доплаќа дополнителни 3000 ден. од аранжманот
  • - Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • - За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • - За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • - За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето или валидна лична карта
  • - Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • - Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • - Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • - За овој аранжман важат општите услови на патување