Itinerary
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 09:35 часот. Полетување за Рим во 11:35 часот. Пристигнување во Рим во 13:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Во договор со пратителот на групата, можност за ноќна прошетка во центарот на градот.Ноќевање.
Појадок во хотел. По појадокот e предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед) - Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Разгледот продолжува со посета на најголемата црква во светот Св. Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ - единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини - најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По кратка пауза продолжуваме со организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро) каде 3 часа ќе уживаме на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел. По појадокот заминување кон паркот Тиволи (полудневен факултативен излет). Враќање во Рим и посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа се посетува (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим - Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел и одјавување. Слободно време за индивидуални активности (последно кафе или шопинг во Рим) и трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 21:30 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 23:10 часот.