БЕЛГРАД
Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,65 милиони луѓе. Белград е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа по Истанбул, Атина и Букурешт.
Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години.
За Белград велат дека е град на разновидноста, а духот на оваа метропола може да го почувствувате преку неговиот богат, културен живот, преку старо- новата архитектура низ улиците , но и преку вкусната храна и гостопримливи домаќини. Често пати Белград е нарекуван град на поздравите. Тука под Калемегдан Дунав ја поздравува Сава, а низ Кнез Михајлова може да ве поздрават фините домаќини.
Денот може да го поминете со прошетка низ Кнез Михајлова, воодушевувачкиот Калемегдан, да вкусите српска храна во боемските ресторани во познатата Скадарлија, или пак да се подновите со некое парче гардероба. Во Белград има места за сечиј вкус.
ТЕРМИН 02,08,2026
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 1,950 денари
Состанок со групата 01.45 часот на Дрводекор.
Поаѓање за Белград во 02:00 часот.
Поаѓање од Куманово во 02.30 часот од Макпетрол бензизката.
Патување преку граничен премин Табановце со попатни паузи заради одмор и гранични формалности. Пристигнување во Белград околу 09:00 часот.
-Неверојатен поглед од Калемегдан околу еден час.
-БЕЛГРАД НА ВОДИ .
–Прошетка низ познатите улици Кнез Михајлова и Скадарлија.
-Слободно време за индивидуален разглед на Белград .
-ИКЕА
-ЛИДЛ
Во 18:00 часот тргнување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
