ХОТЕЛ AQUA РАЈ – НОВИ ПАЗАР 8ми ДЕКЕМВРИ

3 Days

1Нови Пазар е град во југо-западна Србија, во регионот Рашка, со богата историја, природни убавини и културно-историски знаменитости.Сместен е во долината на реката Рашka, опкружен со планини како Голија, Рогозна и Копаоник — што му дава убав и чист природен пејзаж. Еден од поголемите градови во југозападна Србија, културно и етнички разнолик, со големо влијание од босанската, турската и српската култура .Градот има богата историја — како трговски центар уште од средниот век, Името „Нови Пазар“ значи „нов пазар“, и градот историски важел како трговски центар на овој дел од Балканот Денес е важен економски и културен центар со локални пазари, кафетерии и мешавина од културни влијанија. Недалеку од Нови Пазар се наоѓаат стари средновековни локалитети како Стари Рас и манастирите Ђурђеви ступови и Сопоћани.
Термалните и минерални води
Водите имаат температура од околу 30–60 °C и се богати со минерали како сулфур, натриум, магнезиум и калциум — што ги прави корисни за релаксација и здравствени третмани. Овие термални води се користеле уште од римско време и подоцна за време на Османлиската ера, а денес се дел од понудата за спа-туризам.

ПРОМО ЦЕНА – 7.200 ден  ( по лице )

Itinerary

Day 1 :
ПРВ ДЕН (05.12.2026) Сабота
05.12.2026 – Прв ден Состанок со групата на Дрводекор во 06:45 часот, поаѓање во 07:00 часот. Патување преку граничниот премин Блаце, со паузи по потреба. Пристигнување во Нови Пазар и во хотел Aqua Raj. Сместување во собите по 14:00 часот. По сместувањето, слободно време за одмор и користење на велнес центарот (термален базен, сауна, релакс соба и солена соба). 🔹 За децата: на располагање е детско катче, каде најмладите можат безбедно да се забавуваат, додека возрасните уживаат во релаксација
Day 2 :
ВТОР ДЕН (06.12.2026) Недела
Појадок во хотелот, шведска маса. По појадокот следува слободно време за целодневно уживање во велнес содржините, како и индивидуални активности. 🔹 Слободно време во Нови Пазар: можност за прошетка низ градот, посета на чаршијата, локални кафулиња и продавници, како и запознавање со градската атмосфера.
Day 3 :
ТРЕТ ДЕН (07.12.2026) Понеделник
Појадок во хотелот. Одјавување од собите до 11:00 часот. По одјавувањето следува прошетка низ Нови Пазар, слободно време за кафе, шопинг и индивидуални активности. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.

You can send your enquiry via the form below.

ХОТЕЛ AQUA РАЈ – НОВИ ПАЗАР 8ми ДЕКЕМВРИ