HOTEL GRAND MILAN, АYVALIК

Препознатливиот туристички регион Ајвалик е засолниште за патниците кои бараат совршен одмор под сонцето на широката песочна плажа Саримсакли . Ова познато летувалиште се наоѓа на околу 150 километри од Измир.

Саримсакли се издвојува со прекрасната песочна плажа испрскана од брановите на тиркизното Егејско Море. Плажата долга околу 15 километри ја краси синото знаме поради чистотата на водата и брегот. Климата на овој крајбрежен град, кој има околу 7.000 жители, е погодна за белодробни и срцеви заболувања. Дестинацијата е позната како воздушна бања благодарение на екстремно сувиот воздух. Светската здравствена организација го рангираше Саримсакли на самиот врв на дестинации препорачани за луѓето со овие проблеми.

Ова прекрасно место располага со голем број на различни приватни и хотелски сместувања. Интересот на туристите од Балканот за време на топлите летни месеци е голем, благодарение на убавината на Саримсакли и љубезноста на локалното население. Тоа е идеално место и за семеен одмор и за парови. Овој регион во Турција е познат по одгледувањето на најдобрите маслинки. Покрај маслинките, ви препорачуваме да вкусите традиционална турска и егејска кујна.

Љубителите на крстарењата ги чека незаборавни возења со брод околу Ајвалик. Пливање и уживање во најубавите заливи скриени во Егејското Море и брегот на Турција. Забавата на брод е исто така неизбежна. За оние кои дошле во Турција на шопинг, тука е центарот Ајвалик, како и саем еднаш неделно.

Поминете ги најубавите денови од вашиот одмор во овој магичен град. Уживајте во топлите денови, благиот ветер и пријатните медитерански ноќи со популарните звуци на турската мелодија.

HOTEL GRAND MILAN

Hotel Grand Milan 3* е економичен хотел кој ги има освоено сите симпатии на гостите поради својата добра услуга, внимание и љубезноста на персоналот. Оддалечен е од плажата само 50 m и 300 m од центарот. Хотелот има ресторан, мал базен за возрасни и деца, лоби бар, паркинг, сеф на рецепција, интернет во лобито. Хотелот поседува приватен дел на плажата, уреден со лежалки и чадори и за гостите се вклучени во цената. Во понуда се 54 соби, климатизирани, со две или три легла и имаат телефон, сателитска ТВ, фен, мини бар, француски балкон. Услугата е на база полупансион, а ручек може да се уплати директно во хотелот.

📆Термини и цени:
✅ 31.05 – 08.06 💰264€ (цена по лице)
✅ 07.06 – 15.06 💰274€ (цена по лице)
✅ 29.06 – 07.07 💰294€ (цена по лице)
🌞 Во цената е вклучено:
🚌Автобуски превоз Скопје-Ayvalik-Скопје
🛏️Сместување во хотел 7 ноќи / 8 дена
🥣Појадок и Вечера (шведска маса)
🌊Користење на базент
⛱️Лежалки и чадори на плажа

 

НАПОМЕНА

  • Цените се наведени за пакет аранжман (автобуски превоз и хотелско сместување на база (појадок и вечера – шведска маса)
  • Цените се дадени по лице во дво креветна и трo креветна соба.
  • Курс на пресметување 1 еур = 62 ден.
  • Политика за деца за пакет аранжман :
    • Деца од 0 – 5,99 год. – Бесплатно сместување во хотел. ( Повратен автобуски билет 80 eur).
    • Деца од 6 – 11,99 год. – 50% попуст од вкупната цена.
  • Организиран превоз од: Скопје,Куманово,Тетово, Гостивар, Велес, Градско, Неготино, Гевгелија.
  • Само автобуски билет до Аyvalik:
    • За возрасни : Повратен билет 120 еур. Еден правец 80 еур.
    • За деца: Повратен билет 100 еур. Еден правец 60 еур.

You can send your enquiry via the form below.

HOTEL GRAND MILAN, АYVALIК