НОВА 2027 ГОДИНА ВО БУДВА

🎉🎉НОВА 2027 ГОДИНА ВО БУДВА СО ЛЕГЕНДАРНИОТ   ЖЕЛКО ЈОКСИМОВИЌ🎉

Да ја дочекаме новата година заедно на море, топла клима, весела и дружељубива атмосфера и да уживаме во големите хитови на познатите балкански ѕвезди. Прекрасна обала, убавото море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Црна гора и јадранската обала важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Црна гора прекрасна.

📆 Термин: 30.12.2026 – 03.01.2027
🏨 3 ноќевања во  – Сутоморе
🚍 Автобуски превоз
🥰Лиценциран пратител во текот на патувањето
🚌Патување со модерни, удобни, високотуристички автобуси
🏨 Апартманско сместување 3 ноќевања  – Сутоморе
🔥Промо цена: 129€ по лице
🎇 31.12 –ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2027 ВО  БУДВА со  ЖЕЛКО ЈОКСИМОВИЌ
💥 Новогодишна еуфорија на плоштадот – ритам, енергија и спектакл што се памети цел живот!
💥 Првиот ден од 2027 го започнуваме во БАР
🎇 01,01.2027  во  БАР  со  ДИНО МЕРЛИН– легенда која носи емоции, хитови и атмосфера за душа!
🎇 02.01.2027 во  ТИВАТ со  МИРЗА СЕЛИМОВИЌ -КИРА БЕНД

Itinerary

Day 1 :
ПРВ ДЕН (30.12.2026) СРЕДА
Состанок на групата на Дрводекор во 22:40 часот, поаѓање во 23:00 часот од Дрводекор. Поаѓање од Куманово во 22:00 од бензинска Макпетрол. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Day 2 :
ВТОР ДЕН (31.12.2026) ЧЕТВРТОК

Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, сместување  во Сутоморе. Слободно време за прошетка покрај Јадранската обала во Сутоморе. Во вечерните часови се упатуваме кон Будва. Стариот град Будва со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. Крајбрежната област околу Будва, наречена Будванска ривиера, е центар на црногорскиот туризам, познат по својот добро сочуван средновековен град со ѕидови, тесни улички, песочни плажи, голем број на кафичи и ресторани и разновиден ноќен живот. Новогодишната - најлудата ноќ во годината ќе ја дочекаме токму во овој град - Будва, каде на градскиот плоштад ќе уживаме во богатата музичка програма на легендарниот Желко Јоксимовиќ . Во договорено време враќање  во Сутоморе. Ноќевање.

Day 3 :
ТРЕТ ДЕН (01.01.2027) ПЕТОК

Во договорено време се упатуваме на факултативна посета и прошетка во Котор. Слободно време за разглед на стариот град Котор кој е еден од најпопуларните туристички градови во Црна Гора, град со зачувана историја, култура и традиција каде што посетителите имаат можност да се восхитуваат на средновековната архитектура, цркви, катедрали, палати и музеи. Од Котор се упатуваме кон Порто Монтенегро и Тиват. Патниците ќе имаат можност да уживаат во атрактивниот и лукзусниот Порто Монтенегро кој го нарекуваат уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус. Од Порто Монтенегро се упатуваме кон Тиват – разглед на градот и слободно време за ручек. Во договорено време се враќаме во вилата во Сутоморе и се подготвуваме за втората новогодишна ноќ. Во вечерните часови поаѓаме кон БАР каде што ќе биде организирана втора новогодишна вечер со богата музчка програма на легендарниот ДИНО МЕРЛИН. Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање.

Day 4 :
ЧЕТВРТИ ДЕН (02.01.2027) САБОТА

Четвртиот ден е предвиден за факултативна посета на Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за уживање во далматинскиот бисер. Во договорено време од Дубровник се упатуваме кон градскиот плоштад во ТИВАТ каде што ќе уживаме во организирана трета новогодишна вечер со богата музчка програма на легендарниот МИРЗА СЕЛИМОВИЌ и КИРА БЕНД. Во договорено време враќање во вилата. Ноќевање.

Day 5 :
ПЕТТИ ДЕН (03.01.2027) НЕДЕЛА
Одјавување од собите и се упатуваме кон Бар. Слободно време прошетка и разглед на градот Бар. Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во ноќните часови.

You can send your enquiry via the form below.

НОВА 2027 ГОДИНА ВО БУДВА