

Ртањ претставува феномен кој од година во година привлекува се поголем број туристи, авантуристи, планинари, но и научници. Секој кој барем еднаш ја посетил оваа планина, тврди дека воздухот тука поинаку мириса и дека природата има несекојдневна убавина. Многумина говорат и за позитивната енергија која ја почувствувале престојувајќи тука. Ртањ е познат и по ендемските билки кои растат на неговите падини и кои се заштитени со закон. Најпознат е Ртањскиот чај (Saturea montana) кој има многубројни лековити својства. На ртањскиот врв – Шиљак (1.565 m), како симболот на планината, се наоѓаат остатоците од некогашната црква Св. Ѓорѓи. Оваа црква е изградена во 1935-та година, од страна на Грета, сопруга на сопственикот на рудникот „Ртањ“ Јулиус Минх, во знак на неговото сеќавање и со помош на 1000 работници. Денешниот изглед го должи на трагачи по златото кои ја рушеле во повеќе наврати.













