НОВА 2026 ГОДИНА ВО БУДВА

🎉🎉НОВА 2026 ГОДИНА ВО БУДВА СО ЛЕГЕНДАРНИОТ АЦО ПЕЈОВИЌ🎉🎉

Да ја дочекаме новата година заедно на море, топла клима, весела и дружељубива атмосфера и да уживаме во големите хитови на познатите балкански ѕвезди. Прекрасна обала, убавото море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Црна гора и јадранската обала важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Црна гора прекрасна.

📆 Термин: 30.12.2025 – 03.01.2026
🏨 3 ноќевања во Вила – Сутоморе
🚍 Автобуски превоз
🔥 Промо цена: 109€ по лице
 ❗ Промо цената важи за сите резервации до 01.12.2025
💸 Редовна цена: 139€ по лице
🥰Лиценциран пратител во текот на патувањето
🚌Патување со модерни, удобни, високотуристички автобуси

Itinerary

Состанок на групата на Дрводекор во 22:40 часот, поаѓање во 23:00 часот од Дрводекор. Поаѓање од Куманово во 22:00 од бензинска Макпетрол. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, сместување во Вила во Сутоморе. Слободно време за прошетка покрај Јадранската обала во Сутоморе. Во вечерните часови се упатуваме кон Будва. Стариот град Будва со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. Крајбрежната област околу Будва, наречена Будванска ривиера, е центар на црногорскиот туризам, познат по својот добро сочуван средновековен град со ѕидови, тесни улички, песочни плажи, голем број на кафичи и ресторани и разновиден ноќен живот. Новогодишната - најлудата ноќ во годината ќе ја дочекаме токму во овој град - Будва, каде на градскиот плоштад ќе уживаме во богатата музичка програма на легендарниот АЦО ПЕЈОВИЌ. Во договорено време враќање во вилата во Сутоморе. Ноќевање.
Во договорено време се упатуваме на факултативна посета и прошетка во Котор. Слободно време за разглед на стариот град Котор кој е еден од најпопуларните туристички градови во Црна Гора, град со зачувана историја, култура и традиција каде што посетителите имаат можност да се восхитуваат на средновековната архитектура, цркви, катедрали, палати и музеи. Од Котор се упатуваме кон Порто Монтенегро и Тиват. Патниците ќе имаат можност да уживаат во атрактивниот и лукзусниот Порто Монтенегро кој го нарекуваат уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус. Од Порто Монтенегро се упатуваме кон Тиват – разглед на градот и слободно време за ручек. Во договорено време се враќаме во вилата во Сутоморе и се подготвуваме за втората новогодишна ноќ. Во вечерните часови поаѓаме кон БАР каде што ќе биде организирана втора новогодишна вечер со богата музчка програма на легендарниот ЗДРАВКО ЧОЛИЌ. Во договорено време враќање во Сутоморе. Ноќевање.
Четвртиот ден е предвиден за факултативна посета на Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за уживање во далматинскиот бисер. Во договорено време од Дубровник се упатуваме кон градскиот плоштад во ТИВАТ каде што ќе уживаме во организирана трета новогодишна вечер со богата музчка програма на легендарниот ТОНИ ЦЕТИНСКИ. Во договорено време враќање во вилата. Ноќевање.
Одјавување од собите и се упатуваме кон Бар. Слободно време прошетка и разглед на градот Бар. Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во ноќните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 ЕВРА

Понудата вклучува

  • - 3 ноќевања во Вила во Сутоморе
  • - Превоз со високотуристички автобус
  • - Дочек на Новогодишна ноќ во Будва со АЦО ПЕЈОВИЌ
  • - Дневна прошетка и разглед на Будва
  • - Дневна прошетка и разглед на Бар
  • - Комплетна организација на патувањето
  • - Лиценциран пратител во текот на патувањето
  • - Трансфер од Куманово

Понудата не вклучува

  • - Втора новогодишна ноќ во Бар со ЗДРАВКО ЧОЛИЌ – 10 евра
  • - Посета на Котор, Портомонтенегро и Тиват – 20 евра
  • - Посета на Дубровник + трета новогодишна ноќ во Тиват со ТОНИ ЦЕТИНСКИ - 30 евра
  • - Задолжителна доплата за туристичка такса 6€ по лице за сите три ноќевања
  • - Патничко осигурување