Истанбул Велигден ( 2 ноќи )

4 Days

Истанбул Велигден ( 2 ноќи )

Најголемата метропола во светот, велеград, финансиски и културен центар… сето ова е малку за да се опише еден од најубавите градови во светот – величествениот Истанбул, градот на два континенти кој ги спојува Европа и Азија со неговите три моста кои се наоѓаат над единствениот Босфор.

🏨Хотел Грациела 4* со појадок (шведска маса) во Аксарај ~ 2 ноќи
🐰🥚 03.05 – 06.05.2024 🐰🥚
💥Промо цена ~ 𝟵𝟵 € 💥

Itinerary

Поаѓање во 16:00 часот од Скопје Дрводекор. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање.
Пристигнување на групта во Истанбул, Групата се упатува кон хотелот. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 час.По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа, Света (Аја) Софија, Плоштадот Султанахмет и Топ Капи каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите, секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Во попладневните часови планирана е посета на прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. (препорака) Слободно време за сликање и прошетка. Потоа во договорено време се упатуваме кон Облакодерот „Сафир“ е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата, а каде има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон европската и азиска стана на градот, и да уживате во храна или кафе со незаменлив поглед.Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијаод 15 минути низ најзначајните знаменитости во Истанбул. Самата кула е висока 261 метар и има 54 спрата, каде што има голем трговкси центар. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Фенер Балат Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце Македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат Турските серии и да се напиете Турско кафе, варено на песок. Крстарење по Босфор Ви нудиме 90 минути крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин Кадикој (Азиски дел) Потоа следи посета на Азија, што би вредело доаѓањето во Истанбул доколку не појдете да го видите и другиот континент каде што се простира овој град. Се посетува населбата Кадикој која е центарот на Азија, тоа што е Таксим во Европа, Кадикој е во Азија. Продавнички, ресторани, кафулиња... сокачиња во кои би се заљубиле во првиот момент откако ќе пристигнете таму. Слободно време за вечера и уживање во најмонденското место во азиски Истанбул. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.
По појадокот во хотелот следува одјавување од хотелот и посета на жичарата Pierre Lotti. Од жичарата се упатуваме во продавницата за локим и баклави, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од продавницата се упатуваме на шопинг во шопинг центар Форум, Икеа и Декатлон во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 ЕВРА

Понудата вклучува

  • ✅ Две ноќевања во Хотел Грациела 4* Аксарај Лалели
  • ✅ Појадок во хотел (шведска маса)
  • ✅ Капали чаршија
  • ✅ Аја Софија
  • ✅ Сината џамија
  • ✅ Плоштад Султанахмет
  • ✅ Топ капи
  • ✅ Шопинг центар Форум, Икеа и Декатлон
  • ✅ Најпознатата продавница за баклави и локуми
  • ✅ Лиценциран пратител во текот на патувањето
  • ✅ Лиценциран водич од Истанбул
  • ✅ Автобуски превоз Скопје-Истанбул-Скопје
  • ✅ Патување со модерни, удобни, високотуристички автобуси

Понудата не вклучува

  • Ортуќој
  • Облакодер Сафир со вклучена 4Д проекција
  • ✅ 40 евра
  • ***************************************************
  • Фенер Балат
  • ✅10 evra
  • ***************************************************
  • Бејлербеи (азиски дел)
  • Кадикој (азиски дел)
  • Ускудар (азиски дел)
  • ✅20 евра
  • **********************************************
  • Дневно крстарење по Босфор 90 минути
  • ✅20 evra
  • **********************************************
  • Жичарата Pierre Lotti
  • ✅10 евра
  • ************************************************
  • ✅ПАКЕТ ЦЕНА НА СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ – 80 евра (Со уплата на пакетот факултативи добивате бесплатно користење на спа центар)
  • ***************************************************
  • ✅ Туристичка такса - 2 евра
  • ***************************************************
  • Патничко осигурување

You can send your enquiry via the form below.

Истанбул Велигден ( 2 ноќи )
From € 99
/ Adult