МОСТАР И САРАЕВО

3 Days

Мостар и Сараево се меѓу највпечатливите градови на Балканот, каде што историјата, културата и секојдневниот живот се испреплетуваат во уникатна целина. Мостар е препознатлив по Стариот мост и ориенталната архитектура, симбол на поврзување и традиција, додека Сараево, градот на различности, плени со својата богата историја, автентична атмосфера и топло гостопримство.

Прошетките низ старите чаршии, историските знаменитости и модерните градски делови нудат незаборавно доживување, надополнето со традиционална кујна и жив дух. Ова патување претставува совршена можност да се запознае културното и историското наследство на Босна и Херцеговина.

Itinerary

Day 1 :
ПРВ ДЕН (09.04.2026) Четврток
Прв ден: Tргнување околу вечерните часови. Се патува преку Србија,Косово со попатни паузи и царински формалности.
Day 2 :
ВТОР ДЕН (10.04.2026) Петок
Втор ден: Стигнување во Сараево во утринските часови – разглед на градот. По пристигнувањето следува организиран пешачки разглед на градот со локален водич. Разгледот започнува од Башчаршија, срцето на старото Сараево, каде што ќе се запознаеме со ориенталниот дух на градот и неговата богата историја. При разгледот ќе се посетат и разгледаат: Себилј – симболот на Сараево Мориќ хан – стар караван-сарај Гази Хусрев-бегова џамија Безистанот (старата чаршија) Сааат-кула Латинскиот мост – местото на атентатот врз Франц Фердинанд По завршувањето на организираниот разглед следува слободно време во Башчаршија за индивидуална прошетка, кафе или ручек и можност за купување сувенири. После разгледот на Сараево се упатуваме кон Мостар. Сместување во хотел. Слободно индивидуално време. Ноќевање
Day 3 :
ТРЕТ ДЕН (11.04.2026) Сабота
Трет ден: Појадок. После појадокот следува организиран пешачки разглед на градот со локален водич, при што ќе се запознаеме со најзначајните знаменитости и богатата историја на овој бисер. Разгледот опфаќа: Стариот мост (Stari Most) – симбол на Мостар и заштитен од УНЕСКО Стариот град – Кујунџилук – калдрмисани улички со ориентални дуќани Крива чуприја – помал, но историски значаен мост Табхана и чаршијата покрај реката Неретва Поглед кон реката Неретва, позната по својата смарагдно-зелена боја За време на разгледот водичот ќе раскаже за историјата на градот, животот на мостарските занаетчии, како и за традицијата на скокачите од Стариот мост, една од најпознатите атракции на градот. По завршувањето на разгледот следува слободно време во Стариот град за индивидуална прошетка, кафе покрај Неретва, ручек и купување сувенири. Сместување во хотел. Ноќевање
Day 4 :
ЧЕТВРТИ ДЕН (12.04.2026) Недела
Четврт ден: Појадок. После појадокот се упатуваме кон Врело Буне во Благај. Слободно време за кафе пауза и фотографирање. Изворот извира директно од подножјето на висока карстна карпа, создавајќи спектакуларен природен амбиент. Со капацитет од неколку илјади литри вода во секунда, Буна се смета за еден од најсилните карстни извори во Европа, а водата е кристално чиста и со специфична смарагдно-зелена боја. После договореното време се упатуваме кон Македонија со попатни паузи и царински формалности. Факултативи: Разглед на Мостар со локален водич 20 евра Разглед на сараево со водич - 25 евра Врело Буне во Благај - задолжителна факултатива 10 евра

You can send your enquiry via the form below.

МОСТАР И САРАЕВО